Лошите кредити достигнаа 390 милиони евра

Bez autora
Nov 22 2012

Деновиве речиси сите погледи на економската јавност во земјава се вперени кон податокот за проблематичните кредити кај банките, кои заклучно со октомври годинава се искачија на рекордни 388 милиони евра. Толку изнесува сумата на кредити кои банките своевремено им ги дале на компаниите и на граѓаните, но нив сега не можат да ги наплатат. Корисниците доцнат со исплатата на ратите до 90 дена и повеќе, што ги вбројува во групата на лоши кредити. Само за еден месец износот на проблематичните заеми пораснал за 12 милиони евра, со оглед што во септември бил 376 милиони. Ако се направи споредба со крајот на минатата година, пак, се доаѓа до констатација дека лошите заеми се зголемиле за цели 62 милиони евра, со оглед што на крајот на минатата година тежеле 326 милиони евра. Всушност, проблематичните кредити постојано одат нагоре, но сега загрижува динамиката на нивниот пораст, која се' повеќе забрзува.

Лошите кредити достигнаа 390 милиони евраДеновиве речиси сите погледи на економската јавност во земјава се вперени кон податокот за проблематичните кредити кај банките, кои заклучно со октомври годинава се искачија на рекордни 388 милиони евра.

Толку изнесува сумата на кредити кои банките своевремено им ги дале на компаниите и на граѓаните, но нив сега не можат да ги наплатат. Корисниците доцнат со исплатата на ратите до 90 дена и повеќе, што ги вбројува во групата на лоши кредити.

Само за еден месец износот на проблематичните заеми пораснал за 12 милиони евра, со оглед што во септември бил 376 милиони. Ако се направи споредба со крајот на минатата година, пак, се доаѓа до констатација дека лошите заеми се зголемиле за цели 62 милиони евра, со оглед што на крајот на минатата година тежеле 326 милиони евра. Всушност, проблематичните кредити постојано одат нагоре, но сега загрижува динамиката на нивниот пораст, која се' повеќе забрзува.

Банкарите со кои разговараше „Утрински весник“ се загрижени поради веќе драматичниот пораст на проблематичните заеми, но убедуваат дека ваквиот тренд засега ќе атакува само врз банкарските профити, но во никој случај нема да ја загрози стабилноста на банкарскиот сектор. Сепак, менаџерите во банките велат дека ќе бидат принудени да го заострат своето работење со клиентите, а објектите што се земени под хипотека ќе мора да се продаваат побрзо отколку досега, односно нема да се чека и да се преговара толку долго со корисникот за тој доброволно да го врати кредитот, за да се избегне реализацијата на хипотеката.

Инаку, според структурата на лошите заеми, на крајот на октомври вкупните лоши заеми кај компаниите изнесувале 282 милиони евра, додека, пак, граѓаните не можеле да вратат кредити од 106 милиони евра. Како најлоши должници се посочуваат трговските компании, како и оние од прехранбената и од металската индустрија.

И додека лошите кредити растат и само за еден месец „набилдале“ нови 12 милиони евра, вкупните одобрени кредити веќе почнуваат да се намалуваат. Па така, во октомври тие биле на ниво од 3,531 милијарди евра, што е за шест милиони евра помалку одобрени кредити во споредба со претходниот месец. Тоа покажува дека банките веќе се свесни дека одобрувањето заеми станува се' поризично, па веќе почнуваат да се штитат и да го намалуваат обемот на кредитирање. Кога станува збор за кредитите одобрени на компаниите, тие во октомври се намалени за цели 15 милиони евра во споредба со претходниот месец, додека кај кредитирањето на граѓаните е забележан пораст на сумата на одобрени кредити.

Неликвидноста на стопанството е главна причина за растот на лошите кредити, објаснуваат банкарите. „Поради кризата, деловните планови на компаниите не се реализираат онака како што очекувале. Тие работат со намален обем, и се' потешко ги сервисираат своите обврски кон банките“, вели Николче Петковски, претседател на Управен одбор на Еуростандард банка.

На нашето прашање дали не се чувствува позитивно влијание од владините исплати кон стопанството, по основ на заостанатиот долг што државата го имаше кон компаниите, банкарите објаснуваат дека постои извесен ефект од овие исплати, „но веројатно тоа не е доволно за да се подобри исплатата на фирмите кон банките“.

Менаџерите на банките се децидни дека банкарскиот систем е стабилен. „Ова ниво на нефункционални кредити не може да ја загрози стабилноста на банкарскиот систем. Ние сме далеку од таа критична точка. Исто така, факт е дека процентот на нефункционалните кредити во земјава е помал во споредба со државите од нашето опкружување“, вели Петковски, додавајќи дека засега порастот на нефунционалните кредити може да влијае негативно врз профитите на банките.

Ако овој тренд продолжи, банките ќе преземат построги мерки, односно сигурно уште повеќе ќе ги заострат критериумите при одобрувањето на заемите. Но, и побрзо ќе се оди на реализација на хипотеките, односно продажба на имотот што клиентот го оставил како обезбедување кај банката, што досега се правело само кога ќе бидат исцрпени сите други обиди за наплата. „Досега подолг период се обидувавме да се договориме со клиентот за тој да ги исплати своите обврски, само со цел да не дојде до продажба на имотот“, објаснува Петковски, додавајќи дека сега ќе мора побрзо да се оди на реализација на хипотеките.

Заштедите продолжуваат да растат

Последните податоци на НБМ покажуваат дека депозитите во банките продолжуваат да растат. Нивниот вкупен износ на крајот на октомври достигнал 3,904 милијарди евра, што е пораст за 34 милиони евра во споредба со претходниот месец. Штедните влогови на граѓаните се зголемиле за околу 5 милиони евра, но изненадувачки е што пораст покажуваат и депозитите на компаниите, и тоа за 27 милиони евра. Денарот и натаму добива на популарност како валута пожелна за штедење, па депозитите во денари продолжуваат да растат, но зголемување има и кај влоговите во странска валута.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik